ИНТЕРНЕТОТ ГОРИ: Во светот даваат 2.500 евра за овој фустан - во Македонија го носат баби
Фустаните со цветни дезени кои и денеска ги носат нашите баби, а во осумдесетите години биле голем хит во поранешна Југославија, денеска се продаваат за повеќе од 2.000 евра.
Имено, неодамна по интернет почна да кружи фотографијакоја го насмеа целиот регион. На неа споени се две баби и манекенка, кои се во скоро исти фустани со цветни дезени.
Тоа не би било чудно да фустаните на нашите баби не се купени некаде на пазар и ги носат каде и да одат, на пазар, на нива, во комшии и најверојатно се платени 500-600 денари, додека фустанот кој го носи манекенката е од познатот бренд „Ив Сен Лорен“ и чини неверојатни 2.515 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа