Гога Секулиќ конечно среќна - многумина ќе ја осудуваат по оваа изјава за нејзиниот покоен сопруг
Гога Секулиќ веќе две недели престојува во Белград со вереникот Урош Домановиќ со кој започна заеднички живот во Цирих.
Таа на српските новинари открила како функционираат како пар.
- На почетокот ми беше чудно бидејќи сум хиперактивна и навиката сум на брзање, а таму е многу мирно за разлика од Белград. Сега ми годси таков начин на живот. Стигнувам убаво да се наспијам, тренирам, здраво се хранам... Повеќе не настапувам по неколку дена во неделата, туку само во сабота и тоа ми е доволно, Урош и јас многу убаво фунцкионираме се договараме за се се поддржуваме во кариерите. Конечно сум среќна во секоја смисла.
Урош е помлад од Гога 15 години.
- Луѓето се чудат поради разликата, но тоа воопшто не се забележува ни по изглед ни по однесувањето.
Исто така таа додала дека повеќе и не мисли на својот покоен сопруг како што изјавила таа се во свое време поминува.
- Можеби нема да звучи убаво, но се во свое време. не мислам на минатотот туку на секашноста и иднината. Тој животен период го оставив зад себе и едноставно не сакам да се навраќам на тоа. Само знам низ што поминував, маѓки издржав, горда сум на себе бидејќи ниту еден момент во ништо не погрешив. Се случувало луѓето да ме прашуваат дали се чуствувам како вдовица нормално дека не се чуствувам. Повеќе се чуствувам како изневерена жена, но сето тоа длабоко го имам закопано во себе. Цела таа екипа на луѓе кои тогаш беа во мое опкружување добро знаат за што говорам. Може некој да ме осуди и слободно нека го направи тоа, но ништо лошо не реков, рекла пејачката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа