Еве едноставен начин како да се ослободите од стриите
Стриите најчесто настануваат како резултат на брзо растегнување на кожата или при нагли промени на телесната тежина. Покрај тоа, некои од најчестите причини за настанување на стрии исто така може да бидат и хормонските промени коишто вообичаено настануваат во текот на пубертетот, бременоста или интензивните вежби на справи.
И колку и да ви делува невозможно, сепак постои начин со чијашто помош може да се ослободите од овие досадни лузни, но сепак мора да напоменеме дека за тоа е потребна голема упорност и редовна нега.
Ви претставуваме сосема природен рецепт:
Состојки:
● 1 мала лажичка бел шеќер
● 1 мала лажичка рицинусово масло (може да го замените со маслиново или кокосово)
● 1 капсула витамин Е
Упатство:
Измешајте ги сите состојки и добиената смеса сипете ја во стаклен сад и оставете ја да отстои во фрижидер една до две недели. После тоа аплицирајте од средството на зафатените подрачја со стрии, и масирајте со кружни движења.
Средството може да го мачкате секој ден, а масирањето нека трае отприлика околу 5 минути.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа