Могерини во Македонија: Заврши средбата со Ахмети

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денес во Собранието се сретна со Федерика Могерини, заменик-претседател на Европската Комисија и висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија.
 
Ахмети истакна дека 16 години сме работеле заедно и секое постигнување е заедничко со ЕУ, НАТО и САД. Ние сме биле, сме и ќе останеме партнер на меѓународната заедница.
 
Институционалната и системска криза не смее да се претвори во етничка криза и ние ќе останеме посветени за да се постигне политичко решение.
 
Владеењето на правото, владеењето на законот, веродостојни институции, заокружување на Охридскиот Договор, добрите меѓуетнички и добрососедски односи како и интеграцијата во НАТО и ЕУ се нашите приоритети, нагласи Ахмети.
 
Могерини изрази вреднување за конструктивната улога и нашиот пристап во оваа сериозна криза истакнувајќи дека Европската Унија е со нас во напорите за решавање на кризата, и ја истакна потребата за продолжување нашиот дијалог.
 
 

 

 

02.03.2017 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега