Температури до 20 степени Целзиусови измерени на Антарктикот
Доколку се стопи мразот на Антарктикот, висината на морињата ќе се се подигне за 60 метри, што ги загрижува научниците кои внимаваат и на најмалите промени.
Членовите на аргентинскиот истражувачки центар, сместени близу северниот врв на Антарктикот, во последните две години забележале рекордно високи температури од 17,5 степени Целзиусови, соопшти агенцијата за климатски промени на ОН.
Базата Експеранца на 24 март 2015 година, евидентирала температура од 17,5 степени Целзиусови, објави Светската метеоролшка организација, по анализирање на податоци од целото подрачје на Антарктикот, чија цел е евидентирање и истражување на глобалното затоплување и промена на температурите во иднина.
-„Со проверка на максималните и минималните температури правиме слика за времето и климата на една од крајните граници на нашата планета .“- изјавил Мајкл Спаров, кој заедно со Светската метеоролошка организација го спонзорира Светскиот програм за истражување на климатските промени.
Количината на мразот на Антарктикот се проценува на околу 30 км3, што е околу 90 проценти од вкупната количина на мраз, односно вода на Земјата. Кога мразот би се стопил висината на морињата би се подигнала за 60 метри, поради што научниците будно ја следат секоја промена.
Рекордна висина на температурите измерена на 30 јануари 1982 година изнесувала 19,8 степени Целзиусови. Најниската температура досега измерена на 21 јули 1983 година, на подрачјето на станицата Восток и изнесувала -89,2 степени Целзиусови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа