Првородените деца се попаметни

 

Првородените деца се поинтелигентни од своите помлади браќа и сестри поради поголемата ментална стимулација која ја добиваат од родителите во своите рани години, покажала студија направена на Универзитетот во Единбург.

Резултатите од студијата го објаснуваат подобриот успех на постарите деца кога станува збор за образование и вработување.

Во оваа студија се следени 5000 деца на различна возраст, од штотуку родени до 14 годишни деца, а во обзир е земено нивното потекло и економските услови на нивните семејства.

Децата на секои две години решавале задачи преку кои се оценувале нивните вештини, а научниците установиле дека разликата помеѓу талентираноста и интелигенцијата на децата може да се поврзе со различната поставеност на родителите кон нивните потомци.

 

 

 

02.03.2017 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега