Мисајловски: Распишан тендер за реконструкција на три улици во општина Ѓорче Петров

 

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на социјалната мрежа Фејсбук објави дека денеска е распишан тендер за реконструкција на дополнителни три нови улици во општина Ѓорче Петров.

-Уште една добра вест за жителите на општина Ѓорче Петров. Денеска распишан е тендер за реконструкција на дополнителни три нови улици и тоа: улица „Браќа Чакреви“ во должина од 320 метри каде покрај реконструкција ќе се постави и атмосферска канализација и ќе се изврши осветлување на истата, потоа улицата „Гостиварска„ во должина од 237 метри и улица „Атанас Коцарев„ во должина 360 метри. Средствата за реконструкција на улиците во висина од 15 милиони денари се обезбедени од Министерството за транспорт и врски а проектот ќе се реализира во соработка со општина Ѓорче Петров. Освен реконструкцијата на овие улици, во моментов се гради и канализацијата во Волково инвестиција од 34,5 милиони денари како и реконструкција на над триесетина улици што беа зафатени од поплавите. Со овие инфраструктурани проекти општината Ѓорче Петров ќе ја направиме подобра општина за живеење, пишува Мисајловски на Фејсбук.

misajlovski gjorce

 

 

 

03.03.2017 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега