Нова цена на горивата во Македонија

 

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалија во просек за 0,09%. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се сменија, односно остануваат на исто ниво утврдени со Одлуката од 06.02.2017 година.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намали за 0,50 ден/лит во однос на цената Одлуката од 06.02 и сега дизелот се продава за 52,5 денари по литар.

Наредната корекција на цената е закажана за понеделник.

 

 

 

04.03.2017 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа