Постпородилна депресија- Опасност за бебето
Постпородилната депресија се јавува кај повеќето мајки. Доколку не се третира ги загрозува семејните односи и менталното здравје на бебето. Татковците во тој случај мораат да балансираат помеѓу исцрпената мајка и запоставеното бебе.
Без правилен третман, секоја жена која ги има симптомите на постпородилна депресија, не успева да се излечи во рок од 365 дена. Секоја од нив има големи шанси дека во рок од 5 години ќе падне во потежок облик на депресија. Сè уште постојат предрасуди дека ова е болест на модерното доба, уште една од измислените дијагнози.
-„Секогаш се зборува дека мајчинството е природна работаи дека постои откако постои светот. Се вели дека денешните жени се пречувствителни и кревки, додека некогаш мајките оваа улога ја поднесувале похрабро. А всушност, мајчинството секогач било тешка задача, само жените поради условите на живот биле принудени сами да се борат со сите напнатости кои животот им ги нудел.“- изјавува клиничкиот психолог и психотерапевт Леонора Павлица.
Постпородилната депресија настанува во периодот по породувањето и претставува комбинација од дисбаланс на хормоните и стрес. Овој вид депресија не може да се предвиди, бидејќи зависи од хормоналниот статус.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа