Груевски за ТВ Пинк: Албанската платформа неприфатлива, граѓаните не гласаа за тоа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за ТВ Пинк изјави дека е неприфатливо за Македонија да се формира влада на чело со Зоран Заев и албанските партии со користење на тиранската платформа. СДСМ и ДУИ, како што посочува Груевски во интервјуто таа платформа ја прифатија по изборите, иако од СДСМ пред изборите тврдеа дека една таква платформа со такви предмети и детали нема да биде прифатена.

Груевски во интервјуто истакнува и дека СДСМ најавуваа двојазичност, кантонизација, но и дека многу се негираа за време на кампањата, обвинувајки ги ВМРО – ДПМНЕ дека сето тоа го измислиле. Тој вели дека тогаш многумина им поверувале мислејки дека на тој начин ВМРО се обидува да ги украде гласовите на СДСМ.

Меѓутоа после изборите работите одат предалеку, СДСМ ја прифати платформата која е создадена во друга држава, на иницијатива на Владата на Република Албанија.

– Можевме да слушнеме како паријата БЕСА вели дека иницијативата е од албанската Влада од премиерот Еди Рама. Заедно, тие стојат зад платформата која беше формирана од страна на друга држава, а кој се однесува на нашата земја. Ова не е во согласност со Уставот и политиката – објасни Груевски за ТВ Пинк.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира и дека голем број на елементи во платформата се во спротивност со Уставот на Република Македонија, нешто што народот го препозна и сфати дека тоа е во согласност со еден специфична план кој има за цел да создаде бинационална држава во која Албанците ќе имаат предност во однос на другите етнички заедници во Македонија.

Никола Груевски во интервјуто за ТВ Пинк вели дека постојат две опции за СДСМ

-Предвремени избори во месец мај заедно со локалните на кои Заев ќе излезе со оваа платформа, а вториот начин е Заев да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ, да се откаже од платформата, а да добие малцинска влада со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, додава Груевски.

 

 

 

06.03.2017 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега