Рокот пробиен: Се одложуваат локалните избори во Македонија

Денеска е последниот рок во кој Собранието на Република Македонија требаше да ги распише локалните избори. Сепак, рокот е пробиен, а до Собранието денеска не стигнала иницијатива од ниедна политичка партија.

Право да распише избори има само избран претседател на Собранието од новото парламентарно мнозинство. 

- „Изборите за членови на совет и за градоначалник се одржуваат секоја четврта година истовремено во сите општини, во првата половина во месец мај“, стои во член 16, став 1 од Изборниот законик. Доколку изборите не се одржат во мај, градоначалниците на општините и општинските совети повеќе нема да имаат никакви надлежности, а пречекорувањето на предвидениот рок значи и измени во Изборниот законик.

 Според изборниот законик од денот на распишување до денот на одржувањето на изборите не може да поминат пововеќе од 90 дена. Ниту помалку од 70 дена. 

 

 

 

 

 

06.03.2017 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега