Пролитајте зошто денес не се прават свадби, веридби,куќа, и не се позајмуваат пари

Православната црква денешниот ден го посветува на Светите маченици во Евгенија. Сепак овој ден во народот е познат како Месни поклади.

Ова значи дека почнуваме да се подготвуваме за почетокот на престојниот голем Велигденски пост.

Денеска, според народното верување не треба да се прават свадби, веридби, кумства, побратимства, не се земаат позајмици, ниту се дава заем, не се гради куќа, ниту нешто околу куќата.

Обичајот налога во вечерните поклади да се соберат пријателите, роднините и соседите по гумната и да се забавуваат со шеги и разни игри, а кога ќе падне мрак палат голем оган и се седи до полноќ.

За поклади обично се подготвува богата трпеза и се повикуваат сиромашни соседи и пријатели за добро да се омрсат во заедничкиот обред.

Народното верување е дека оние кои нема да подготват богата трпеза на овој ден цела година ќе оскудеваат во се.

Се верува дека никој не би требало денеска да заборави да повика некој од сиромашните познаници на трпеза.

Во градовите овој обичај поприми сосема поинаков облик, па може на сиромашните да им се однесе некаква облека или било какво материјално добро.

Во повеќето краеви, во текот на денот или вечерта младиот свет има главен збор - тие се шегуваат низ село или заминуваат на некои познати места во околината каде се забавуваат.

 

 

 

07.03.2017 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега