Како да го зголемите WiFi сингалот во вашиот дом? Ова е единствениот начин

 

Многумина ќе ве советуваат дека за зголемување на WiFi сигналот треба да научите да хакнувате или барем да го поврзете рутерот со лименка пиво или цедалка за супа, но вистината е дека повеќето трикови кои ги наоѓате на интернет се ЛАГА.

Единственото нешто ко можете да го направите за забрзување на интернетот е да најдете соодветно место за рутерот.

Каде да се смести рутерот?

Пробајте да одредите централно место во вашиот дом. Не се потпирајте на тоа колкав е просторот на одалеченост на рутерот од вашиот компјутер или модем, вреди да се купи подолг кабел и да се провлече до местото каде што е потребно- доколку тоа значи дека ќе имате подобар сигнал. 

Избегнувајте препреки

Радио брановите кои патуваат низ ѕидовите, така што колку е подебел ѕидот толку послаб ќе е сигналот. Доколку вашиот дом е граден од цигли или бетонски плочи, сигналот ќе биде многу слаб. Исто така, ако сигналот поминува низ аквариум со риби- ќе биде значително ослабен. Тоа важи и за металот и огледалата, па затоа не се препорачува рутерот да го чувате зад телевизорот или бањата.

Избегнувајте ја кујната

Најголемиот непријател на интернет сигналот е микробрановата, бидејќи таа и рутерот функционираат на иста фрекфенција на електромагнетното поле, па нејзините бранови ќе се мешаат со интернетот. Исто така, за слаба интернет врска причинители се и металните уреди- шпорет, фрирждер и останати.

 

 

 

 

 

07.03.2017 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега