Македонска Православна Епархија во Австралија (МОДАС): Ги охрабруваме илјадниците чесни луѓе кои застанаа на браникот на виталните национални и државни интереси

Македонската православна епархија за Австралија-Сиднеј (МОДАС) ја охрабрува граѓанската иницијатива за заедничка македонија да истрае во борбата за одбрана на македонскиот јазик и име и унитарноста на Република Македонија.

Дванаесетте Австралиско-македонски општини кои што ја сочинуваат Македонската Православна Епархија за Австралија-Сиднеј (МОДАС) со загриженост ја следат политичката ситуација во Република Македонија и ги молат сите главни политички актери да стават крај на настанатата криза на мирен и конструктивен начин. Притоа секое решение на кризата треба да е засновано врз категоричното отфрлање на уценувачката таканаречена

„албанска платформа” која директно ги загрозува македонскиот јазик, име, суверентитет и територијалниот интегритет на државата.

МОДАС им се восхитува на храбрите Македонци и припадници на други етнички групи влучени во акцијата Граѓанската Инцијатива за Заедничка Македонија кои веќе две недели маршираат низ улиците на голем број градови во Македонија бранејки ги достоинствено македонскиот јазик, име, идентитет и суверенитет. Ние ги повикуваме организаторите и учесниците во овие маршеви да продолжат мирно, но упорно, да ги бранат македонските национални и културни обележија и унитарноста и територијалниот интегритет на Република Македонија и ви стоиме на располагање да ви помагаме да секој можен начин.

МОДАС ги охрабрува илјадниците чесни луѓе кои застанаа на браникот на виталните национални и државни интереси да истраат во оваа борба и да не дозволат мрачните сили на албанскиот експанзионизам и иредентизам, сесрдно потпомогнати од СДСМ, да ја постигнат целта која што си ја поставија. Македонија е наша заедничка татковина и ние немаме друга опција освен да ја сакаме и браниме.

Да живее Македонија! Да живее македонскиот народ!, стои во соопштението испратено до секретарот на Македонска Православна Епархија за Австралија – Сиднеј (МОДАС), Крис Ангелков.

 

 

 

 

 

10.03.2017 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега