„Бота сот“: Албанските „кобри“ на македонската граница

 
Тиражниот албански весник „Бота сот“ во петокот објави вест дека елитната единица на албанската армија „Кобра“ се појавиле на границата кон  Македонија, пренесува Макфакс.
 
Истиот извор истакнува дека припадници на оваа специјална единица на албанската армија на социјалната мрежа Фејсбук напишале „добро утро од границата со Македонија“ и притоа истакнале и една фотографија со опис „Кобра удира прва“, напишана на албански јазик.
 
Весникот нагласува дека единицата „Кобра“ е една од најподготвените единици на албанската армија, која зема учество и во меѓународни мисии.
 

 

 

11.03.2017 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега