Им се заканувал со огнено оружје- Насилник ги нападнал вработените од скопската обложувалница
Вчера вечерта, во спортска обложувалница во Козле, непознат сторител со огнено оружје им се заканувал на вработените. Како што јавуваат од полиција, сторителот заканувајќи се, одзел пари од дневниот промет и избегал во непознат правец.
Истрагата е во тек и ќе се преземат соодветни мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.
14.03.2017 - 14:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа