Пренџов: Репрезент на народот се пратениците во Собранието, а не странците зад затворени врати

Али Ахмети во последното обраќање посочи дека е неопходен нов договор на најголемите политички сили за да се усогласат следните чекори. Дали е на повидок „Пржино 3“? На оваа тема во Отворено студио на ТВ НОВА зборуваше Љупчо Пренџов од ГРОМ.

„Излеговме во право како партија, кога зборувавме дека политичките партии не смејат да преговараат во разни странски амбасади и под покровителство на странци. И тогаш и сега велевме дека репрезентот на македонскиот народ се пратениците во Собранието на Република Македонија, каде покрај Македонци и Албанци има и Срби, Турци, Власи и Роми. Ние граѓаните на Република Македонија ги гласаме тие пратеници да спроведуваат определени политики, ги гледаме сите седници во јавност и јасно знаеме што е договорено. Жал ни е што сме биле во право. Сценариото било подготвувано одамна, а дел од политичките партии подлегнаа на истото“, истакна Пренџов.

 

 

 

15.03.2017 - 22:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега