Заев утре на распит во Обвинителството за изборни измами

Лидерот на СДСМ Зоран Заев утре треба да се јави на распит во обвинителството за организиран криминал и корупција.  Според неофицијалните информации на агенцијата Нетпрес Заев се сомничи за изборни измами односно за злоупотреба на средства за финансирање на изборната кампања. Истрагата отвора сомнение за можна употреба на недозволиви средства во изборната кампања и давање лажни податоци во финансиските извештаи.

Покрај Заев, на распит во обвинителството биле повикани и други лица од партијата одговорни за финансиското работење.

Обвинителството минматиот месец потврди дека води постапка за изборни нерегуларности сторениз а изборите во 2014та и 2016та година.

-Постапувајќи по кривична пријава поднесена од надлежна институција, Основното јавно обвинителство – Скопје минатата година оформи предмет против едно лице – организатор на изборна кампања и други лица, како и против едно правно лице за сторено кривично дело – Злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања од член 165-а од Кривичниот законик. Делата за кои е отворена постапката се во врска со употреба на недозволиви средства за изборна кампања и давање лажни податоци во финансиските извештаи, беше наведено во информацијата до јавноста на ОЈО.

Обвинителите соопштија дека на распиот за овие дела биле повикани повеќе од 70 лица во својство на сведоци.

Постапка е отворена и за високи функционери во МВР за последните избори како и за повеќе физички и правни лица од Скопје, Струмица и Куманово.

Според информнациите од истрагата сомненијата се дека биле купувани илјадници гласови. Нелегално биле потрошени стотици илјади евра а се нуделе и услуги како условување со вработување и тендери. За случајот од 2014 година, медиумите објавија дека Обвинителството одзело компјутери од Општината Струмица, за кои се претпоставува дека содржат податоци корисни за истрагата. Додека, пак, за случајот од декември 2016 година, медиумите објавија дека е извршен претрес во домот на началникот на кумановската полиција.

 

 

 

 

 

 

16.03.2017 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега