Возачот го паркираше полниот автобус да оди во ВЦ - потоа следело „лудило"

 

Возачите се луѓе како и сите други и понекогаш имаат природни потреби поради кои им треба пауза. Така вчера во Белград возачот на автобусот со број 85 го сопрел возилото и излегол за да оди во тоалет, но она што се случило подоцна е неверојатно.

Едно момче кое било патник во автобусот ја објавило случката на Фејсбук:

- Луѓе морам да направам пауза да одам во тоалет, почекајте ме, рече тој, а потоа додека чекавме 10 минути, влезе некој лик, веројатно друг возач, не повозе еден круг и не праша, сакате ли уште еден, пред да дојде возачот. Лудило, напишало момчето.

 

 

 

 

17.03.2017 - 08:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега