ЖИВ ЗАКОПАН: Три дена бил во гроб и во живо пренесувал се (ФОТО)
За многу луѓе да бидат живи закопани е права ноќна мора, но не и за овој човек.
Џон Едвардс само одлучил жив да го закопаат во сандак кој наликува на мртвачки, и таму да помине три дена и три ноќи.
Сепак овој сандак бил поголем и подобро осветлен за да може да преживее подолго, и сето тоа го пренесувал во живо на совијалните мрежи, но сето тоа не било поради забава.
61- годишниот Едвардс е бивши наркоман и алкохоличар, но чист е повеќе од две децении, а како што објавил за ББС пред 27 години имал блиска средба со Бог.
Поради проблемите со зависноста од различни супстанци, тој во последните 20 години загубил повеќе од 20 пријатели, па сега сака да им помогне на оние кои се како него.Тој преку молитви и сведочења помага на многу зависници и баш поради тоа се одлучил да помине три дена.
-Мојот план беше да ми поставуваат прашања а јас да им одговарам од гробот, пред тие да се најдат таму.Сакав да им испратам порака за надеж- вели Едвардс
Тој вели дека не е кластрофобичен но сепак бил малку исплашен.
Сандакот во кој бил закопан, бил направен специјално за него, поголем и поширок од мртвачки.Имало и две дупки од кои му доаѓал воздух и оттаму неговите соработници му давале храна и вода. Тој истотака имал и преносливо ве це.
Бурното минато кое го преживеал, меѓу кое и сексуално злоставување и ментални проблеми, тој истотака бил и бездомник. неколку пати се предозирал, но сепак успеал да се спаси.Поради алкохолот морак да оди на трансплатација на џигерот и двапати го победил ракот.
Сега сака само едно- да допре до што повеќелуѓе и да спаси што повеќе животи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа