Две состојки кои сите ги имаме дома, а одлично делуваат против целулитот
Уште отсега имате кошмари кога помислувате на лето, плажа, бикини и изгледот на вашата кожа? Верувајте дека не сте единствените. 80% од жените страдаат од целулит, вклучувајќи и светски познати ѕвезди како Ким Кардашијан и Сиена Милер.
Многу производи на пазарот тврдат дека делуваат против „кожата од портокал“, но според специјалистите за кожа, постои многу поедноставен, поевтин и поприроден начин за ослободување од целулитот.
Потребни ви се само 2 состојки кои сите ги имаме по дома – сода бикарбона и мед.
Измешајте една лажица мед и една лажица сода бикарбона.
Додадете малку вода и интензивно втријте и измасирајте се со смесата околу 3 минути.
Измијте се добро, а потоа додадете чист природен мед на проблематичните делови и нежно удирајте ја кожата околу 4-7 минути.
Ова е најделотворниот начин за ослободување од дупчињата на кожата. Масирањето со мед ќе ја подобри циркулацијата на крвта и ќе го редуцира појавувањето на целулитот, без да го оптовари телото со токсини и хемикалии.
Сепак, внимавајте да не претерате со употребата на смесата, а особено со стисокот врз целулитните делови, бидејќи може да завршите со пукнати капилари поради премногу притисок врз проблематичните делови, завршуваат специјалистите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа