ВИДЕО: Дали имаме сообраќајна култура
“
Зборовите „сообраќајна култура“ за многумина се непознати зборови, а некои луѓе дури ни не изјавуваат желба да научат нешто повеќе околу тоа.
Скоро секој ден има случаеви во кои нервозен возач со гестикулации пропратени со пцовки, го изразува своето незадоволство кон другите учесници во сообраќајот. Тоа не би било толку опасно, доколку истиот не е спремен да излезе од автомобилот и физички да напдне некого.
Проблем не е само агресивноста и некултурата на возачите на автомобилите, туку и пешаците, велосипедистите и „акробациите“ на возачите на останатите превозни средства.
Преминувањето на улицата на црвено е честа навика и на пешаците.
Едно од најинтересните видео снимки и кружат на интернет, ја покажува дисциплината на возачите кои се тргаат од улиците за Брзата помош да може да помине. Освен овој, постојат и многу други примери како навистина треба да се однесуваме во сообраќајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа