Близнаци од Македонија посвоени од различни семејства се сретнале по 20 години

 

Животот е дефинитивно непредвидлива приказна која сама по себе пишува романи. Како што пишува Ексклузив.мк, двајца браќа од Македонијакои откако се родиле биле дадени на посвојување во различни фамилии, се сретнале на патување.

Двајцата браќа, идентични близнаци, се посвоени од различни фамилии од различни градови. Ниту браќата ниту фамилиите кои ги посвојуваат не знаат за нивниот статус. На 20 години заминале на патување и таму случајно се сретнале и ја откриле вистината.

- Седејќи на еден шанк на плажа му пристапува девојката правејќи му муабет, мислејќи дека е момчето што го запознала. По краткиот муабет и двајцата сфаќаат дека не се познаваат, но девојката инсистира да продолжат со муабет и да го запознае со другото момче. Така браќата се среќаваат пишува Ексклузив.мк.

Извор: Ексклузив.мк

 

 

 

 

20.03.2017 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега