Хан ја одби средбата со „За Заедничка Македонија" - најавен најмасовен протест досега

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, денеска доаѓа во Скопје, на средби со државниот врв, но нема да се сретне со претставниците на граѓанската асоцијација „За заедничка Македонија“ кои ги предводат масовните протести, а тоа го побараа од него.

Ова го соопшти портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, потврдувајќи дека Хан добил понуди и за други средби, но дека тој и тројцата европратеници Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, во Скопје ќе се сретнат само со претставниците на македонските политички партии.

Од ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА вчера по одбивањето на понудата о страна на Хан, изјавија дека не се откажуваат и дека повторно ќе бараат средба.

- Пред ЕУ Инфоцентарот, пред канцеларијата на ЕУ во Македонија во пресрет на доаѓањето на еврокомесарот Хан, ќе ги повториме нашите барања, нашето инсистирање да оствариме средба со него, како претставници на иницијативата која секојдневно ја поддржуваат 150 до 200 илјади граѓани во цела Македонија. Бараме од комесарот Хан да знае дека не може да се прави есап за народот во Македонија без народот во Македонија и бараме да се сретне со нас за да ги реафирмираме нашите барања кои што се ултимативни и непроменливи, рече Богдан Илиевски вчера.

Нагласи дека бараат почит од ЕУ, и дека никој не смее да го игнорира народот во Македонија.

Инаку, Хан ќе се сретне со политичките претставници, бидејќи неговата агенда не дозволува повеќе.

 

 

 

21.03.2017 - 08:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега