Координација кај Велјаноски за формирање на Комисијата за избор и именување

За во 12 часот денеска е закажана координативна седница кај досегашниот претседател на Собаранието Трајко Вељаноски на координаторите на пратеничките групи на парламентарните партии- ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Беса, за разговор за формирање на Комисијата за избор и именување.

На координацијата се очекува да се дискутира и околу идниот состав на Комисијата за избор и именување.

Составот на комисијата според закон и деловник на Собранието е следниот:  6 члена од ВМРО-ДПМНЕ, 5 члена од СДСМ, 1 член од ДУИ и 1 член од Беса, односно вкупно 13 члена.

Комисијата има примарна улога во функционирањето на Собранието затоа што го предлага кандидатот за Претседател на Собранието кој потоа се гласа на пленарна седница.

Важноста за формирање на Комисијата за избор и именување беше потенцирана и од лидерот на опозицијата, Зоран Заев, кој во емисија на Алсат М потенцира дека согласно деловничките принципи и правила во таа комисија ВМРО-ДПМНЕ треба да има 6 члена, а СДСМ 5 члена.

Ваквиот состав на комисијата беше потврден и од Африм Гаши од Беса, кој потенцира дека согласно формулата ДУИ и Беса треба да имаат по 1 член во таа комисија, а не како некој од ДУИ што сакаат да имаат 2 члена, бидејки според формулата и правилата тие требаа да имаат по 1 член.

Гаши потврди дека кажаното од Зоран Заев е точно, т.е. дека ВМРО-ДПМНЕ треба да има 6 члена, а СДСМ 5 члена, односно составот на комисијата треба да биде 6-5-1-1.

 

 

 

21.03.2017 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега