Претседателот нема да се сретне со Хан - својот термин им го отстапува на граѓаните што протестираат

Наместо со мене, Хан нека се сретне со претставниците на иницијативата За заедничка Македонија. Од кабинетот за Иванов за Press24 велат дека ставовите на Претседателот се непроменети и дека мандат за тирнаската платформа нема да има.

Од таму велат дека својот термин им го ослободуваат на граѓаните и дека е добро Хан да ги чуе нивните пораки.

„Претседателот Иванов јасно и недвосмислено порача дека нема да определи мандат, без претходна јавна осуда и отфрлање на платформата од Тирана. Со оглед на тоа дека Претседателот нема да оствари средба со еврокомесарот Хан, дека претседателот Иванов предвидениот термин им го отстапува на претставниците од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кои бараа средба со Хан. Добро е еврокомесарот да се запознае со аргументите и причините поради кои македонските граѓани протестираат повеќе од дваесетина дена, велат од Кабинетот на Иванов.“  – велат од Кабинетот на Иванов.

Претседателот Иванов вчера престојуваше во работна посета на Унгарија, каде оствари средби со претседателот на Унгарија, со премиерот и со претседателот на унгарскиот Парламент.“

 

 

 

 

 

21.03.2017 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа