Ваква вест од УХМР долго чекавме

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 19 до 24 степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

До крајот на работнава недела времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Максималните температури ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината. Во западните делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд особено во вторник и во четврток.

 

 

 

21.03.2017 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега