Прекината координацијата кај Вељаноски

Координацијата кај претседавачот Вељаноски резултираше со договор за соодносот на Комисијата за избори и именувања. 6 члена за ВМРО-ДПМНЕ, 5 за СДСМ и по еден член за ДУИ и БЕСА. Извори на Press24 кои учествуваа на координацијата велат дека проблем е сега кој ќе претседава со оваа комисија. Според досегашната пракса претседателот на комисијата беше од редовите на партијата што има најмногу членови но овој пат ова останало спорно. Според информациите координацијата треба да продолжи во 15:30 часот за кога се очекува да се реши спорното прашање и да се избере кадровскиот состав на Комисијата.

 

 

 

21.03.2017 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега