Реновирани детски игралишта во Кочани

 Општина Кочани заврши со преуредувањето и поправката на реквизитите во детските игралишта во градот и населените места, кои во изминатите месеци страдаа од несовесните граѓани и нивниот вандалски однос.

- Со средства од Буџетот на општината се зафативме со преуредување, поправка и поставување на нови реквизите во детските игралишта во градот и населените места во општината. Вкупно се 15 и на истите е извршена целосна замена на скршените реквизити и поставени се нови. Оваа активност ја реализираме веќе осма година по ред пред доаѓањето на пролетта, изјави градоначаникот Ратко Димитровски.

Во акцијата за обновување на старите и поставување на нови реквизити во детските игралишта во општина Кочани со своја активност се вклучи и комуналното јавно претпријатие „Водовод“.

Според Димитровски, општината, комуналните редари и полицијата во содејство ќе делуваат за спречување на уништувањето на реквизитите во детските завабни паркови во општина Кочани.

 

 

 

21.03.2017 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега