Илиевски: Иванов знае дека во Македонија иако гостинот е добредојден мора да го почитува куќниот ред

Ѓорѓе Иванов знае дека тука, во Македонија, иако гостинот е добредојден, мора да го почитува куќниот ред во нашата куќа. Ѓорѓе Иванов не е човек со ропски менталитет и ситен малодушен трговец со светите идеали и националните интереси за да оствари свои комплекси и психопатолошки состојби, црпнувања од умот и алашвериши со ѓаволот за да биде крал еден ден. Не дечки. И стари и млади и другари и другарки, напиша Богдан Илиевски, еден од организаторите на иницијативата ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.

Во продолжение следува интегрален текст од Фејсбук статусот на Илиевски.

“Претседателот нема да оствари средба со еврокомесарот Хан. Oд Кабинетот велат дека претседателот Иванов предвидениот термин им го отстапува на претставниците од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кои бараа средба со Хан. Добро е еврокомесарот да се запознае со аргументите и причините поради кои македонските граѓани протестираат повеќе од дваесетина дена, велат од Кабинетот на Иванов.“

Ова не е човек со свиткана кичма, ова не е човек кој има „позитивен аспект“ кон платформа направена во туѓа држава чија крајна цел е крај на државата која ја имаме, знаеме и сакаме. Ѓорѓе Иванов не е таков човек. Никогаш не ни бил. И затоа им бил трн во око на свитканите лажови и апаши.

ОВА Е СУВЕРЕНИТЕТ. Ова е човек кој знае кој е домаќин во Република Македонија, а кој е гостин. Знае кој треба да се слуша во оваа земја, а кој е бирократ од чии посети треперат само навлажнетите колена на ропските чеда какви во оваа земја секогаш ги имало. Но секогаш имало и такви за кои ваквите посети се само едно трепкање во нашето постоење, долго пред и после нив.

Ѓорѓе Иванов знае дека тука, во Македонија, иако гостинот е добредојден, мора да го почитува куќниот ред во нашата куќа. Ѓорѓе Иванов не е човек со ропски менталитет и ситен малодушен трговец со светите идеали и националните интереси за да оствари свои комплекси и психопатолошки состојби, црпнувања од умот и алашвериши со ѓаволот за да биде крал еден ден. Не дечки. И стари и млади и другари и другарки.

Ѓорѓе Иванов не е шибицар и ситен лажов, селски итрец и лопов со телешки налудничав поглед од кого не би купиле ни половен автомобил, или би ја одбегнале неговата тезга на пазар бидејќи знаете дека ќе ви утрпа црвосано јаболко, како што сака да ги утрпа платформите.

Ѓорѓе Иванов е Претседател на Република Македонија.
Браво Претседателе!

 

 

 

21.03.2017 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа