Појадок од 40 денари, а го топи салото
Појадокот може да ви помогне и кога сакате да се спасите од вишокот килограми.
Ви го претставуваме појадокот кој ќе го обожувате:
Она што ви е потребно се:
– 300 милилитри кефир, а може и немасен јогурт
– 2 супени лажици овесни снегулки
– 1 кафена лажица мелено ленено семе
– 1 кафена лажица како во прав
– 5-7 суви сливи
Подготовка:
Појадокот подгответе го уште од вечерта. Сувите сливи прелијте ги со 100 милилитри зовриена вода. Поклопете ги и оставете ги да одстојат 5-10 минути. За тоа време во чинија ставете ги овесните снегулки. меленото ленено семе и какаото. Сето тоа прелијте го со кефирот и помешајте. Потоа сливите исецкајте ги и додајте ги во смесата. Сето тоа така припремено оставете го во фрижидер до утрото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа