МЖСП: Со реформите во секторот води ќе се подобрат услугите за граѓаните

Подобрување на квалитетот на услугите од секторот води коишто граѓаните ги добиваат од јавните комунални претпријатија, а со тоа и зголемување на ефикасноста на истите претпријатија, е целта на реформите во секторот води на централно ниво за кои денеска информираа од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Според Јадранка Иванова раководител на Сектор ЕУ во Министерството, меѓу другото, реформата подразбира и зголемување на ефикасноста на јавните комунални претпријатија, односно во трошокот кој што го плаќаат граѓаните да бидат вклучени трошоците кои што се директно поврзани со давањето на услугата. 

- Сегашната методологија која по која работат јавните комунални претпријатија не е обврзувачка, треба да ја применуваат, но не постои инструмент кој ќе ја надгледува нивната примена. И од таа причина претпријатијата остануваа на иста цена на наплата, освен со мали мерки на корекции во одредени места, рече Иванова.

Појасни дека проектот ќе придонесе секоја нова пречистителна станица финансиски да биде самоодржлива, за да не се дојде во ситуација да се изгради таква станица, а да не може да биде пуштена во функција. Во моментов во Македонија има осум пречистителни станици. 

Во однос на цената на водата која граѓаните треба да ја платат, Иванова рече дека само доколку некои претпријатија ги намалат трошоците од загубите нема да имаат потреба од зголемување на цената.

Во рамки на сеопфатна реформа во секторот за вода што ќе се спроведува во следните години во Македонија, МЖСПП утре во хотелот Холидеј Ин ќе одржи конференција на тема „Водата и отпадните води“.

Главните цели на овој настан се зголемување на свеста за важноста на одржливиот начин на искористување на водата како скапоцен ресурс, намалувањето на употребата и повторната употреба на отпадните води, како и подобрување на животниот циклус на водата за секое живо суштество

 

 

 

21.03.2017 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега