Литванка не се шишала цели 20 години- нејзината коса е долга 230 сантиметри а тежи два килограми
Литванката Алија Насирова не се потстрижила цели 20 години и сега нејзината коса е долга 230 сантиметри, а тешка два килограма.
- Косата ми е потешка од нашата мачка, вели Алија која почнала да ја пушта косата инспирирана од принцезите од филмовите на „Дизни“.
Кога сака да ја среди фризурата, потребно и е цел ден - да ја измие, расчешла и исуши. И покрај тоа, таа нема намера да ја скрати косата, иако многумина ја наговараат на тоа, но не и нејзиниот сопруг Иван.
- Отсекогаш сакаше да биде како принцеза. Малку е незгодно во креветот, кога мора да внимавам да не и ја оштетам косата. Како и да е, горд сум на својата жена, рече тој за списанието „Сан“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа