Кочани на протест „За заедничка Македонија“

И вечерва граѓаните на Кочани со мирен протест низ улиците на градот и дадоа полна подршка на иницијативата „За заедничка Македонија“, цврсто уверени, како што рекоа, дека правдатаа ќе победи.

Со транспаренти на кои пишуваше „стоп за двојазичноста“ и „не сакаме делби“, поминаа низ улиците по вообичаената маршрута и пристигнаа во градскиот парк.

Учесниците на протестот беа едногласни во барањата да не се дозволи редефинирање на државата, да не се воведе албанскиот јазик за втор службен и Македонија да ја задржи унитарноста.

Вечерва протестен собир се одржа и во општина Зрновци со учество на жители од трите населени места во општината.

 

 

 

 

21.03.2017 - 18:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега