Мијалковски до Хан: Нема да ја прифатиме Тиранската платформа исто како што вие не ја прифативте нашата средба

-Сакам да му се обратам на високиот комесар кој е денеска во посета на нашата земја, госдподине Хан добро ни дојдовте во Скопје, денес е првиот ден од пролетта, се прашувам каква пролет ќе ни донесети вие? За да дојдеме до тоа овој народ ви поставува неколку прашања: Зошто не сакате да го слушнете овој народ? Дали сте тука за да делите правда или двојни аршини, порача од пред Собранието на Република Македонија, Дарко Мијалковски.

-Господине Хан дали сето она што сакате да ни го наметнете кај нас дома важи и кај вас во ЕУ. Тука сме да ви порачаме дека овој народ нема да ја прифати Тиранската платформа, тоа е исто како да барате од САД да ја прифати нуклеарната програма на Северна Коереа. Господине Хан нема дискриминирани Албанци во Македонија, напротив доколку се прифати платформата Македонскиот народ ќе стане малцинство, нема да ја прифатиме платформата како вие што не ја прифативте нашата средба, потенцираче Мијалковски.

Тој на крајот порача да се поздрават сите пријатели во Брисел и да им кажат дека нема да се прифати Тиранската платформа-ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА.

 

 

 

21.03.2017 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа