Моќно: Македонското знаме развиорено на Порта Македонија (ФОТО)

Огромно македонско знаме вечерва беше пуштено врз Порта Македонија испраќајќи порака дека Македонија е една и нема никој да наметнува туѓи платформи. Порта Македонија е симбол на историските борби и победи на Македонија и македонскиот народ.

Денеска е 23 ден од протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, во 40 градови низ целата Република Македонија, има реки од народ, а истото се случува во моментов и во главниот град на Македонија.

Скопје речиси вечерва да е претесно за да ги собере 100 илјадите насобраните граѓани, а македонските знамиња се веат од Градската болница до раскрсницата кај Палома Бјанка.

 

 

 

21.03.2017 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега