Во Кичево протест на „За заедничка Македонија”

На платото пред Домот на културата во Кичево вечерва продолжи граѓанскиот протест на иницијативата „“За заедничка Македонија”.

Уште еднаш беше испратена пораката за унитарна Македонија.

- Драги сограѓани Македоници, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци,..., навистина е чест да се биде дел од масовните протести во нашата татковина, каде што над 200.000 граѓани се излезени со една цел - заедничка унитарна Македонија, на сите граѓани, рече Даме Силјаноски од граѓанската иницијатива.

Народот е, додаде, тој што ќе ја реши ова криза. - Бараме итно повелкување на тиранската платформа и организирање нови избори каде политичките парти отворено ќе ги престават своите платформи, а граѓаните тогаш ќе знаат што е најдобро за Македонија, потенцира Силјаноски.

Протестот заврши со вообичаениот марш низ улиците на Кичево

 

 

 

21.03.2017 - 19:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега