Правда.рс: Иванов е државник за пример, одби да се сретне со Хан и му упати јасна порака

Комесарот за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, денес пристигна во Скопје заедно со тројца пратеници од Европарламентот. Веднаш по пристигнувањето во Скопје, Хан јасно потврди за што е дојден во Македонија преку порака која ја упати од својот Твитер профил, пишува Правда.рс за случувањата во Македонија.

– Нема време за губење. Патот на Скопје кон ЕУ е отворен по состанокот со Европскиот Совет. Но часовникот отчукува. Потребно е лидерство наместо тактики. Економијата трпи, напиша Хан.

Набрзо претседателот Иванов, кого Правда.рс го опишува како државник за пример, ја отфрли можност да се сретне со Хан бидејќи доцна ќе се враќа од посетата на Будимпешта. Во соопштението од неговиот кабинет се вели дека Иванов не планира да оствари средба со Хан, а тоа и претходно му било соопштено на шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје.

– Претседателот Иванов му ги изнесе своите ставови на Хан на нивната последна средба минатиот месец, а тие остануваат непроменети. Тој јасно и недвосмилено порача дека нема да го додели мандатот доколку претходно јавно не се осуди и не се отфрли платформата ос тирана, се наведува во соопштението.

Иванов исто така порача дека наместо со него, ќе се сретне со претставниците од иницијативата „За заедничка Македонија“ која организира секојдневни собири веќе 23 дена ширум Македонија. Тие побараа средба со Хан, но од неговиот кабинет им било кажано дека нема да има време за такво нешто и покрај тоа што е откажана планираната средба со Иванов, наведува српскиот портал.

csm_897a5e0a3f_033d959cbc-520x247

Пред доаѓањето на Хан, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски изјави дека неговата партијата подготвува документ за излез од кризата кој ќе им биде предаден на преглед на сите партии. Тој додаде дека очекува Хан да ја осуди Тиранската платформа и мешањето на другите држави во внатрешната политика во Македонија. Од Социјалдемократскиот сојуз пак истакнуваат дека програмата на новата реформска влада на чело со Заев е единствениот документ кој е во интерес на сите граѓани, наведува Правда.рс.

Во меѓувреме вечерва продолжија секојдневните протести кои во Скопје се одвиваат на релација Влада-Собрание кои се одржуваат скоро во сите градови во земјава.

karagjorgje-1-520x385 (1)

За потсетување, претседателот Иванов веќе подолг период му одолева на силниот притисок од Западот да го даде мандатот на Зоран Заев. И црногорските медиуми неодамна го поздравија неговиот потег и го нарекоа „Караѓорѓе од Македонија“ поради неговата одлучност да не потклекне под притисоците и во лице да и порача на Моргерини дека нема намера да го даде мандатот за состав на влада која ќе поддржи платформа направена во друга држава.

– Не само што не потклекна, поколеба или замисли, туку одлучно и повтори: дека не го дал и нема да го даде мандатот за состав на влада на никој кој при нејзиното формирање преговара за платформа направена во друга држава, а дотолку повеќе се работи за платформа која го загрозува суверенитетот и независноста на Македонија и нејзиниот унитарен карактер, пишуваше црногорски „Принцип“ во својот текст под насловот „Караѓорѓе од Македонија“.

 

 

 

21.03.2017 - 21:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега