„Miami Herald“: Десетици илјади граѓани на протестите во Македонија

 

Американскиот весник „Miami Herald“ известуваше за вечерашниот, најмасовен протест досега на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, посочувајќи дека десетици илјади луѓе излегоа на улиците на главниот град.

Весникот пишува дека граѓаните на Скопје го вееја Македонското знаме, и извикуваa „Македонија! Македонија!“.

-Организаторите на протестите велат дека тие се одржуваат на 42 локации низ земјата, и дека големи транспаренти беа истакнати по рутата на Хан, од аеродромот до главниот град, пишува „Miami Herald“.

-Доста ни е од комесари, изјави Богдан Илиевски, еден од организаторите на протестот, додавајќи дека јазикот кој сите го разбираат е македонскиот и барањето на малцинството е насочено кон разделување на државата.

-Затоа нема да дозволиме ова да стане политика на која било влада, посочи Илиевски.

Според весникот, ВМРО-ДПМНЕ го отфрли барањето на Албанците, а конзервативниот претседател Ѓорге Иванов, сепак, одби да го предаде мандатот на Социјалдемократите за да формираат влада, додека и тие не ги отфрлат барањата на Албанските партии.

 

 

 

21.03.2017 - 22:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега