„Информер.рс“: Повеќе од 100.000 луѓе на улиците во Скопје- Македонците кажаа НЕ за Тиранската платформа и уцените од ЕУ! (ВИДЕО)

Повеќе од 100.000 поддржувачи на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ се собраа денеска во центарот на Скопје протестирајќи против Тиранската платформа и со барање да се зачува унитарноста на Македонија, пишува „Информер.рс“.

Истовремено, учесниците на собирот ги отфрлија притисоците на ЕУ и комесарот Јоханес Хан да што поскоро се формира влада на чие чело би бил Зоран Заев, порачувајќи му на Брисел да “покаже почитување“.

Учесниците на собирот се движеа по познатата маршрута, од Владата до Собранието, пеејќи патриотски песни и веејќи македонски знамиња.

-ЕУ, покажи барем малку почит- пишува на една од пораките кои ги носеа поддржувачите на иницијативата.

 

 

 

21.03.2017 - 23:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега