ВИДЕО: Пожарникар го посвоил девојчето кое го однел на Ургентен- Емотивна приказна која ја враќа вербата во луѓето

 

Оваа приказна ќе ве увери дека сè уште има добри луѓе на овој свет.

На 14 ноември 2011 година противпожарната служба во Јужна Каролина добила повик од жена која јавила дека има силни болки во стомакот, но кога екипата пристигнала, уведела дека тоа се породилни болки. 
Кога решиле да ја напуштат околината, сфатиле дека жената ќе се породи веднаш.
По неколку часа поминати во болница, сфатиле дека жената всушност била сиромашна и барала начин да го остави своето дете на посвојување.
За пожарникарот Хајден и неговата сопруга тоа било некаков знак, бидејќи тие сакале да добијат трето дете.
Започнале со процедура за посвојување, и денес веќе 5-годишното девојче е официјално нивна ќерка, а набрзо ќе почне да оди и во градинка.
„Никогаш не ја лажевме. Ако ја прашате нејзе каде е родена, таа ќе ви одговори дека татко и ја донел од болница. Сакаме да ја знае вистината уште пред да биде доволно возрасна за да разбере. Таа е апсолутно дел од нашето семејство и ние премногу ја сакаме.“- вели Хајден.
 
 

 

 

23.03.2017 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега