Работи кои секоја мајка треба да ги направи за себе
Да, подолго спиење спаѓа во листата.
1.Одвојте повеќе време за себеси- Ручек со пријателките или читање на некоја интересна книга, ќе ве потсети дека тоа што сте мајка не треба да биде единственото нешто во што ќе сте најдобри.
2. Одморете- Дозволете си квалитетен и долг сон и само така одморени ќе успеете да ја завршите секоја должост.
3. Излете со партнерот-Освен свадби и некои прослави кои ги посетувате, одете со партнерот насамо негде, мала прошетка, ручек во ресторан без децата ќе даде освежување во вашата врска.
4. Бидете потолерантни- Земете длабоко воздух и сетете се дека само толеранцијата ќе ви помогне во многу ситуации, не избувнувајте веднаш и научете да ги сослушате своите деца и партнерот.
5.Дозволете да ви помагаат- Понекогаш е навистина полесно кога некои од домашните обврски му ги доверувате на некого и воопшто не чувствувајте вина поради тоа. Дадилка или жена која ќе ви помага околу чистењето, нема да ве направат помалку вредна и способна мајка и домаќинка.
23.03.2017 - 17:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа