Кичево едногласно порача: Не прифаќаме двојазичност во Македонија

Кичевчани уште еднаш излегоа на улиците во градот за да дадат поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

На присутните им се обрати Даме Силјаноски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кој изрази благодарност за присуството.

– Голема благодарност до сите вас кои секојдневно сте присутни на протестните маршеви и неуморно стоите на браникот на татковината во одбраната на нејзината унитарност и самостојност. За нас е неприфатливо да се промовира и прифати платформа во која се бара воведување двојазичност на цела територија, отпочнување разговори за промена на знамето, химната и грбот, воведување двојазични банкноти и униформи на полицијата и армијата, рече Силјаноски.

Македонските државни симболи и обележја, нагласи тој, никогаш нема да дозволиме да бидат предмет на пазарење на било кој политичар само за да дојде на власт.

Протестниот марш продолжи низ улиците на Кичево.

kicevokicevo1kicevo2

 

 

 

 

24.03.2017 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега