Големи промени на времето- дожд, грмежи, повремен снег, заладување

 Утре ќе преовладува променливо облачно време од пладневните часови со повремени врнежи од дожд проследени со ретки грмежи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на планините со повремен снег. Преку денот ќе дува и умерен, а во западните делови повремено засилен западен ветер кој кон вечерните часови ќе преминува во постуден северен ветер кој ќе се задржи и преку ноќта.

 Во понеделник температурите позначително ќе опаднат и тогаш ќе биде и постудено со интервал на температури од 7 до 14 степени. Ќе има и услови за појава на повремени дожд претежно во југозападните и јужните делови, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

 

 Во периодот до крајот на работната недела ќе преовладува стабилно време со пониски утрински температури но утрински температури пониски од степен до два под нулата не се очекуваат. Дневните ќе бидат во постепен пораст и од среда ќа започнат да надминуваат 20 степени.

 

 

 

 

 

 

25.03.2017 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега