Скопјанец направил голем грев

 За време на викендот е извршена тешка кражба во црквичето „Св. Никита“ кое се наоѓа во склоп на црквата „Св. Ѓорѓија“ во Скопје.

Полицијата денеска соопшти дека кражбата е извршена во црквичето на улицата „Марко Орешковиќ“ во периодот од 17:30 часот во саботата до 7 часот во неделата.

Крадецот насилно ја отворил помошната просторија по што го искршил катанецот од дрвеното сандаче за пари и одзел околу 5.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

27.03.2017 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега