ОК ВМРО-ДПМНЕ од Куманово го осуди инцидентот со знамето

ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово денеска на прес-конференција најостро го осуди вчерашниот инцидент во кој беше спуштено македонското знаме на половина од јарболот во центарот на градот и поставено албанско.
 
Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Драган Петковски, рече дека чинот, кога неколку лица крајно дрско и без никаква почит го симнале македонското знаме во центарот на Куманово и поставиле, е антидржавен и го крши суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија.
 
- Вчера беше погазено достоинството на граѓаните на Куманово, беа длабоко повредени чувствата на сите кои ја доживуваат  Р. Македонија како своја татковина. Ваквото неодговорно однесување кое има за цел, понижување на народот, директно задира во соживотот и во напорите за градење мултикултурно општество, рече Петковски.
 
Додаде дека ваков инцидент се случува за прв пат, и изрази надеж дека се случува за последен пат.
 
- Го повикуваме градоначалникот  и општинската организација на СДС да не го злоупотребува овој немил настан, за да поентираат, со тоа што инцидентот ќе го поврзе со ВМРО ДПМНЕ и конечно да заземат граѓански пристап, а не потајно да фаворизираат  проекти за суштинска и симболична етнизација на градот, која беше незамислива, до пред, да стане градоначалник Зоран Дамјановски, рече Петковски.
 
Истакна дека безбедноста, сигурноста и заедничкиот живот се поважни, од, како што истакна, тесноградите интереси на градоначалникот и СДСМ кои, додаде, ги реализираат на најбрутален начин преку манипулација со граѓаните, промовирајќи антимакедонски платформи и претставувајќи се себеси за миротворци, а останатите, особено ВМРО ДПМНЕ за проблем во општеството.
 
- Како градоначалник на општина која се наоѓа во Македонија, Зоран Дамјановски е должен така да се однесува, а не како странец и обичен профитер кој не води сметка за последиците од своите јавни, но и тајни активности. Куманово веќе нема време, а ниту сила да го толерира лицемерието и опортунизмот на Зоран Дамјановски и затоа го повикуваме да престанат да прави театар и да создава лажна слика за себе и СДС во градот, рече Петковски.
 
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ го повикаа и советот на општина Куманово на наредната седница да стави точка на дневен ред на која ќе се разгледа овој чин и да се донесе декалрација со која тој ќе се осуди. 
 

 

 

01.04.2017 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега