Туск во Скопје, Иванов јасен: Не ја менувам одлуката за мандатот

Претседателот Ѓорѓе Иванов се сретна со претседателот на Европскиот СОвет, ДОналд Туск.

Во своето обраќање Иванов истакна дека не ја менува својата одлуката дека нема да го предаде мандатот за платформа правена во друга држава.

Првиот човек на ЕУ истакна дека му е мило што може да зборува отворено за предизвиците со кои се соочува регионот.

- Разбирам дека не е лесно време, имате голема оговорност да обезбедите лидерство. Овие времиња бараат државнички односи и ништо помалку, рече Туск.

Околу мигрантската криза Туск истакна дека се надева дека соработката ќе продолжи и во иднина. За ЕУ истакна дека нема двосмислени намери кон Макеоднија.

- Да се избегне се кое би ги подгреало меѓуетничките кризи. Оваа криза ја држи земјата надвор од евроатлантскиот пат, ваша задача е да најдете решение за земјата засновано на демократските начела и здрав разум, истакна Туск.

Според него, само таквото решение ќе биде одржливо.

 

 

 

 

 

03.04.2017 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега