УХМР објави вонредна прогноза: Влажен бран доаѓа кон Македонија

До петок ќе се задржи претежно сончево и топло време, а услови за краткотраен дожд ќе има попладне само во планинските региони.

 Во сабота попладне и во вечерните часови ќе има зголемена облачност и на повеќе места ќе има краткотраен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Во ноќните часови врнежите се очекува да престанат.

 Позначителен влажен бран од север ќе помине преку нашата земја во недела почнувајќи од пладне па се до ноќните часови кон понеделник и ќе биде проследен со локален пороен дожд и грмежи. На места се очекува да наврнат и околу 20 л/м2 воден талог. Од недела вечер ќе почне да дува повремено засилен северен ветер.

 Во понеделник и во вторник  ќе настапи стабилизирање  и разведрување на времето,  а од среда се очекува нов влажен и постуден бран од северозапад, од кој се очекуваат повремени врнежи од дожд на планините од снег.

 

 

 

13.04.2017 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега