Чудотворна икона на Пресвета Богородица изложена во Битола

ikona
Чудотворна икона на Пресвета Богородица е изложена во истоимениот храм во Битола.

Денеска Владиката Петар потврди дека станува збор за чудотворна икона бидејќи со чудо се вратила во Битола.

Имено, иконата уште пред седумдесеттите години била украдена од црква во Битола, по што по разни канали завршила кај колекционер на икони во Белград.

Сепак, откако Мајката божја во повеќе наврати му се појавувала на сон на колекционерот со барање да биде вратена од каде што е украдена, колекционерот стапил во контакт со Владиката Петар и понудил да ја врати иконата под услов да не биде пријавен во полиција со цел да не биде гонет поради тоа што нелегално ја поседувал истата.

Владиката Петар истакна дека освен ваквата случка и други чуда се поврзани со оваа икона, но црквата кога ќе ги објави кога за тоа ќе дојде време.

Во пресрет на Велигден иконата сега е изложена во храмот ,,Света Богородица,, а митрополитот Петар ги повика сите верници да се поклонат пред неа и да побараат духовно спасение.

 

 

 

13.04.2017 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега