Штипските стечајци добија хуманитарни пакети од Унијата на жени и Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

Стечајните работници од Штип денеска добија хуманитарни пакети од Унијата на жени и Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ-Штип.

Весна Ничева претседателка на Унијата на жени на ОК ВМРО ДПМНЕ-Штип, истакна дека во акцијата за собирање на прехранбени производи биле вклучени жените и младите од оваа партија, а биле донирани 65 хуманитарни пакети.

-Успеавме да обезбедиме намирници за во домаќинството и решивме да ги подариме на ранливата категорија наши сограѓани, односно на стечајните работници, рече Ничева.

Таа истакна дека Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ-Штип по повод велигденските празници ги посетиле и средношколците со посебни потреби од државното Специјално средно училиште „Искра“, на кои им биле донирани подароци.

 

 

 

13.04.2017 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега